Македонија
15. October 2017 - 12:05

ДИК: Излезеноста до 10 часот 8,98 проценти

Излезноста до 10 часот според податоците добиени од општинските изборни комисии (ОИК) на територијата на Македонија е 8,98 проценти, соопшти на денешната прес-конференција портпаролот на ДИК Љупка Гугучевска.

По општини најмала излезеност е забележана во Врапчиште 3,51 процент, а најголема во Демир Капија од 19,15 проценти.

На територија на Град Скопје излезеноста изнесува 9,56 проценти.

По општини излезеноста во општина Аеродром е 10,62 проценти, во Бутел 10,61 процент, во Гази Баба 11.01 процент, во Ѓорче Петров 11,53, во Карпош 10,99 проценти, во Кисела Вода 10,22 проценти, а во Чаир 5,76 проценти, во Сарај 6,87 проценти, во Центар 9,96 и во Шуто Оризари 7,79 проценти.

- На сите 3.480 избирачки места гласањето е започнато и тече без неправилности. На некои места има доцнење од најмногу половина час од причина што избирачките одбори работеле на отстранување на пропаганден материјал, рече Гугучевска.

ДИК прес

Таа нагласи дека ДИК има воспоставено кол-центар кој е во постојана комуникација со сите ОИК. Досега нема податоци за инциденти на избирачки места.

Следната прес-конференција ДИК ќе ја одржи во 14:00 часот.