Македонија
16. October 2021 - 9:18

ДИК: Градоначалниците да ги дезинфицираат гласачките места

Државната изборна комисија (ДИК) врз основа на одредбите од Изборниот законик ги задолжи сите градоначалници да организираат дезинфекција на сите избирачки места во објектите за гласање.

За оваа законска обврска ДИК во неколку наврати во изминатиот период писмено ги извести единиците на локалната самоуправа, со цел почитување на здраствените протоколи за спроведување на изборите, а поради заштита на здравјето на изборните органи, гласачите и учениците.