Македонија
29. March 2019 - 16:18

ДИК го затвори избирачкиот список, право на глас за претседателските избори имаат 1,808,131

За избор на нов претседател право на глас ќе имаат 1 808 131 гласач. На 21 април ќе биде одржан првиот круг на гласање а истовремено граѓаните на Охрид, Дебар и Ново село ќе избоираат градоначалник. Според ДИК 1 726 696 граѓани ќе гласаат на денот на изборите останати се наоѓаат на посебен избирачки список и ќе гласаат ден претходно.

Јавниот увид во избирачкиот список заврши и до ДИК  се поднесени 50 барања за корекција во списокот. Поради различни основи како не поседување на важечки личен документ, промена на податци, одемена деловна способност, нема да бидат  впишани во списокот, освен 3 лица за кои е констатирано дека се дел од избирачкиот список.

Според ДИК предвремена кампања не била започната од страна на кандидатите за претседател. Комисијата разгледуваше 4 приговори од најголемите политички партии кои беа отфрлни од членовите како неосновани.

До 10 април сите заинтересирани имаат рок да се пријават за да добијат акредитација за набљудувачи на изборниот процес. Во недела напладне во ДИК кандидатите ќе потпишат кодекс за фер кампања.

Претседателот Дерковски информираше дека речиси сите медиумите навреме испратиле свои ценовници за платена политичка програма.