Македонија
1. July 2020 - 21:49

ДИК го заклучи избирачкиот список

Државната изборна комисија го заклучи избирачкиот список. Право на глас на претстојните парламентарни избори на 15-ти јули имаат милион 814 илјади 263 граѓани.

Со шест илјади повеќе од минатите избори за пратеници, првиот човек на Државната изборна комисија тврди дека на Избирачкиот список нема фантомски гласачи.

Гласањето ќе може да го остварат само оние лица со важечки лична карта или пасош, а во списокот се заведени по посебни категории: 

“Од нив, во изводите се запишани милион 729 илјади и 189 гласачи. Во посебниот извид избирачки список за лицата кои согласно евиденцијата на надлежен орган се на привремена работа или престој во странство се запишани 83.054 гласачи, во посебниот извод на ИС кои за време на изборите се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор се запишани 1.657 гласачи”

Според Дерковски, во старските домови се запишани 357 и шест гласачи се внатрешно раселени лица.

Избирачкиот список е завршен четири дена пред законскиот рок, вели членот на ДИК Борис Кондарко, истакнувајќи ја ажурноста на Комисијата и соработката со другите институции.

“Покажавме како ДИК и се потврди согасно законот дека може за неполни осум – девет дена да се завршат сите овие дејстија во врска со доажурирањето, а не за многу повеќе денови како што се споменуваше во јавноста 45-50 итн”

На 13 јули гласаат лицата позитивни на Ковид-19, а на 14 јули болните, немоќните и хронично болните, кои за гласање можат да достават барање до Општинските изборни комисии најдоцна до 8 јули на полноќ.

По заклучувањето на Избирачкиот список, ДИК го утврди и изгледот на гласачкото ливче на македонски јазик.