Македонија
15. December 2016 - 13:58

ДИК го одби и вториот приговор од Беса

На седницата на Државната Изборна Комисија одбиен е и вториот приговор на БЕСА. Се работи за приговорот на Беса за гласањето на изборните места 1119/1 и 1120 во Липково.

Силвана Бонева предложи да биде отфрлен приговорот бидејќи нема доказ за она што се приговара.

Претходно ДИК го одби и првиот приговор на БЕСА, за избирачкото место 2333/1 во Арачиново, изборна единица два.

Мнозинството членови на ДИК се согласија дека за приговорот на БЕСА нема докази кои го потврдуваат тврдењето на политичката партија за наводни изборни нерегуларности.