ДИК: Гласале 666.743 граѓани, 91,46 отсто „за“, а 5,65 „против“

На вчерашниот референдум гласале 666.743 граѓани или 36,91 од вкупно запишаните 1.806.336 во Избирачкиот список, соопшти денеска ДИК по обработени 100 отсто од избирачките места.
На референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“, „за“ гласале 91,46 проценти, или 609.813 граѓани, а „против“ се изјасниле 5,65 отсто или 37.700. Неважечки се 19.221 ливчиња или 2,89 проценти.
Претседателот на ДИК Оливер Дерковски рече дека согласно утврдените резултати, одлуката не е усвоена зашто не гласале повеќе од половината граѓани запишани во Избирачкиот список.
Извештајот од ДИК ќе биде објавен во Службен весник во рок од 15 дена, а ќе биде доставен до Собранието и објавен на веб страната на Комисијата.
Тој одговарајќи на новинарски прашања во врска со информации за наводно полнење на гласачки кутии во општина Сарај истакна дека доколку од извештаите што ќе ги добие од општинските изборни комисии се заклучи или има докази за такви случувања на некои избирачки места, ДИК согласно надлежностите ќе поведе постапка, како што рече, прво за членовите на избирачките органи, а оти постапката ќе зависи од видот на евентуалната повреда.
Фактот што на Избирачкиот список го немало Талат Џафери, според Дерковски се должи на тоа што тој менувал лични документи и не го искористил правото да изврши увид во списокот и да реагира навремено.
Ново на Сител
-

Автомобил се судри со трактор на патот Градско – Прилеп
-

Хибридите и моторите со внатрешно согорување можат да останат: ЕК го намали целниот процент за нулта емисија до 2035-та
-

Кушнер се повлече од белградскиот проект „Трамп“ вреден 750 милиони евра; Вучиќ: Ова е многу лоша вест
-

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД – услов за мировен договор, нагласи Зеленски
-

Детски психијатар од Хрватска злоставувал малолетни деца и им давал дрога
-

Песков: Русија сака мир, а не кратко примирје
-

Тешко повреден малолетник на „томос“ по направена сообраќајка
-

Благодарение на ЗХГ ќе нема огномет на новогодишната прослава на плоштадот во Скопје
