ДИК е ненадлежна да одлучува за барањата на Чулев
ДИК се произнесе за ненадлежна да решава за барањата на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев во однос на поништувањата на неговите решенија.
На денешната 58. седница, членовите на ДИК едногласно ја донесоа оваа одлука откако констатираше оти Комисијата може да одлучува за преписки помеѓу техничкиот министер и дополнителниот министер, но не и помеѓу Владата и министрите.
За ваквите барања од ДИК велат дека треба да одлучува Државната комсија за спречување на корупцијата.
Јанаќи Витановски оцени дека тие се беспредметни.
-Сметам дека во следните избори ваква (техничка) Влада не ни е потребна и Законот за Влада треба да се смени, рече Витановски.
Во однос на изјавите дека следува најцрната кампања во историјата на Македонија, од ДИК велат дека ќе сторат се што р во нивна надлежност за да има позитивна атмосфера меѓу гласачите.
Даниел Василев
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата