Македонија
14. September 2018 - 16:07

ДИК без проблеми се подготвува за референдум, од утре информативна кампања

На седница затворена за јавноста, Државната изборна комисија го утврдува изгледот на гласачкото ливче. Ќе го печати битолска печатница која за тоа ќе добие околу 13 милиони денари.
Бидејќи на референдумот нема редни броеви, за важечки ќе се сметаат само оние ливчиња на кои ќе бидат заокружени зборовите За или против исклучиво со сино пенкало.

Гласањето ќе се спроведува во 3480 избирачки места откако а во 81 е утврдено дека има помалку од 10 гласачи, па граѓаните од овие средини ќе можат да го остварат своето право на првото најблиско гласачко место во кое има доволен број на избирачи.

Од ДИК велат дека изборниот процес ќе го следат околу 6.000 набљудувачи

Под мотото „Твој став, твое право“ ДИК од утре ја стартува својата кампања за референдумот со која ќе ги информира граѓаните за нивните права и обврски за време на референдумот.
Избирачкиот список е веќе затворен, па на референдумот на 30 септември, право на глас ќе имаат точно 1.806.336 граѓани.

За да биде успешен, потребно е на гласање да излезат над 903.000 илјади гласачи и од нив, над 450.000 да гласаат За.