Македонија
15. March 2020 - 16:53

ДИК бара преиспитување на одлуката за одржување на изборите - утре совет за безбедност

Политичките партии да седнат и да се договорат дали им се поважни изборите или здравјето на граѓаните. Државната изборна комисија преку медиумите побара надлежните да ја преиспитаат одлуката за избори на 12 април. 

Во коалицијата на СДСМ велат дека во овој момент не се подготвени да донесат одлука за одложување на изборите но будно ја следат состојбата.

Во ВМРО-ДПМНЕ и денеска повторуваат дека воопшто и не ни размислуваат за изборите

Од ДИК очекуваат ова прашање да се отвори и на утрешната седница на Советот за безбедност кај Претседателот Пендаровски. Во меѓувреме од комисијата велат дека иако одредени капацитети се ограничени, тие работат со полна пареа на организација на изборите на 12 април се додека за тоа не биде донесена поинаква одлука. Во меѓувреме од комисијата ја потврдија изборната листа на Глас за Македонија на Солза Грчева.

Тоа е првата кандидатска листа која доби зелено светло од ДИК. Останатите листи треба да бидат официјализирани до вторник кога истекува рокот за исправки на техничките недостатоци.