Македонија
18. October 2021 - 21:32

ДИК: Арсовска со предност од 7805 гласа влегува во втор круг против Шилегов

Според податоците кои ги соопшти на денешната пресконференција претсседателот на ДИК, Александар Даштевски граѓаните на Град Скопје ќе гласаат во втор круг за независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска и кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов..

- За градоначалник на градот Скопје под број 12 коалицијата Најдоброто за мојата општина предводена од СДСМ има 77.852 гласа и оди во вториот круг со Петре Шилегов. А 82 ГИ, Данела Арсовска со 85.657 гласа оди во вториот круг, соопшти Даштевски.

Според овие податоци, независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска влегува со предност во вториот круг наспроти нејзиниот противник од редовите на СДСМ Петре Шилегов.