Македонија
20. November 2016 - 16:59

Дијаспората до Зоран Заев: Наместо да ги продава националните интереси, да се сврти кон економските проблеми на граѓаните

Македонската дијаспора преку писма реагираше на како што велат Антимакедонските изјави на Зоран Заев во Швајцарија. Во писмото од заедницата од Перт Австралија се наведува дека се револтирани и згрозени од истапите на лидерот на опозицијата  за двојазичноста и најавите за редефинирање на Рамковниот договор. И  од  дијаспората од Јужна Австралија  преку писмо ја изразија загриженоста од изјавите на Заев и го советуваа во кампањата да се осврне на економијата и инфраструктурата, а не да ги омаловажува Македонците.

Револт изразија и од македонската диајспора од САД и тие се почувствувале навредени од постапките на опозицијата, кои според нив водат кој уништување на земјава.