Македонија
29. September 2018 - 17:33

Дијаспората, болните и инвалидизирани и затворениците гласаат денеска

На гласачките места во 13 казненео-поправни установи своето гласачко право, на ден пред референдумот може да го остварат 1558 гласачи. Од ДИК соопштија дека сите избираечки места се отворени навреме, односно во 7 часот, и гласањето ќе трае се до 19 часот.

Денеска гласањето навремено започна и во најголемиот казненео поправен дом, затворот Идризово. Од избирачкиот одбор на ДИК, задолжен за спроведување на избирачкиот процес велат дека гласањето течело без никаков проблем.

Дел од затворениците кои излегоа да гласаат на референдумот не можеа да го остварат своето прво на глас поради тоа што ги немаше во избирачкиот список. Од ДИК соопштија дека главна причина за ваквата состојба е немањето на важечки личен документ на оние затвореници кои не се нашле на списокот.

Во своите домови денеска ќе гласаат и 1859 болни, изнемоштени, но и лица кои се наоѓаат во домашен притвор. Во дипломатско-конзуларните претставништва во странство пак, своето гласчко право ќе може да го остварат 2694 пријавени гласачи.

Бранислав Јанески Сител ТВ