Дијамантите повторно поштедени од европските санкции врз Русија
Осмиот пакет санкции на ЕУ против Русија содржи повеќе скапоцени метали, но не и дијамантите, клучна индустрија за Белгија, јави дописничката на МИА од Брисел.
Европската Комисија вчера го презентираше последниот предлог за нови рестрикции врз Русија. Меѓу нив ограничување на цената на руската нафта што се извезува во трети земји кои немаат санкции против Москва, но и низа материјали, супстанци и производи, со цел да се намалат приходите на Кремљ.
Но и покрај бројните повици да се вклучат дијамантите во списокот на санкции, тоа ниту овој пат не се случи. Дијамантската индустрија е многу важна за Белгија. Иако Белгија официјално не се изјаснува против санкции во оваа област, медиумите и експертите тврдат дека е силно лобито кое врши притисок врз ЕУ институции и земји да не се вклучат дијамантите во санкциите. Бројни други луксузни производи како златото и други се санкционирани, но руските дијаманти сѐ уште пристигнуваат на европскиот пазар.
Според американски официјални статистики дијамантите претставуваат 30 отсто од глобалната трговија на Русија, и е во десетте главни извозни производи кога се исклучува енергијата. Во 2021 оваа трговија изнесувала над 4,5 милијарди евра за Москва.
Ново на Сител
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година