Дијагностицирање и лекување од коронавирусот на товар на ФЗО и за осигуреници со нередовно уплаќан придонес
На осигурениците на кои им се ускратени правата од задолжителното здравствено осигурување поради нередовно уплаќан придонес или уплатата на придонесот задоцнила повеќе од 60 дена, односно имаат долг за неплатен придонес, можат во здравствените установи да користат здравствени услуги поврзани со дијагностицирање и лекување од коронавирусот Ковид-19 на товар на средствата на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија.
Ова е Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствено осигурување за време на вонредна состојба што ја донесе Владата на денешната 36-та седница.
Уредба за лекување од Ковид-19 на товар на Фондот, се појаснува во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста, се однесува и на државјаните на Република Македонија кои не се задолжително здравствено осигурани по ниту еден основ.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација