Македонија
25. January 2023 - 16:31

Дијабетичарите во паника, последната терапија ја трошат и пацените со ретки болести

Колку пациенти ќе останат без неопходните лекови поради доцнењето на тендерите?

Во јавноста се уште нема ниту трага ниту глас од распишување на јавните набавки за инсулин и  за пациентите со ретки болести. Наместо во декември, се уште не се објавени и траењето на тендерските процедури ги плаши дијабетичарите дека ќе има недостиг на терапија.

-Стравуваме дека ќе биде како со дел од таблетарната терапија што ја нема и пациентите сдами си купуваат. Веќе има сигнали дека, и јас не сум за паника, но дека ќе се соочиме со недостиг од терапија. Ние уште од ноември бараме средба со министерот, меѓутоа ниту некој нис ејавил ниту не исконтактирал, вели Диме Велев претседател на Сојузот на здруженија на дијабетичари.

Тендерот за инуслин не е распишан, но со анекси се набавуваат количини и нема потреба од паника кај пациентите, е одговорот на првиот човек на здравствениот систем.  Смирувајќи ги дијабетичарите, Беким Сали не кажа што ќе прават, пак,  лицата со ретки болести бидејќи и набавката за нивната терапија не е јавно објавена а дел од нив во февруари ќе ги потрошат последните кутии.

-До кога трреба да излегуваме во медиуми, да бараме средби и донации за да го добиеме лекот. Без терапија доаѓа до влошување на состојбата кај пациентите, оние кои и не почнале да го примаат лекот можат да го изгубат животот а кај трети нема враќање од последиците. Мора здравство долгорочно да го реши проблемот, вели Весна Алексовска, претседател на здружение Живот со предизвици.

  Од 2015-та досега, секоја година е агонија за пациентите со ретки болести поради доцнењето на тендерите и немањето на терапија.