Бизнис
18. November 2021 - 16:39

Дигитализацијата е клучна за економски раст

Дигитализацијата и клучна за поголем економски развој. Ако сакаме подбра иднина и поголем животен стандард за граѓаните, не смееме да дозволиме да заостануваме. Ова е пораката на Самитот Македонија 2025-та, кој по 10 пат се одржува во земјава. Во моментов сме далеку зад европскиот просек. Дигиталзиирани сме само 33% додека во ЕУ стапката достигнува скоро 60%. Според престедателот Пендаровски, токму дигитализацијата ќе ја намали корупцијата.

-Дигитално најразвиените држави имаат најниско ниво на корупција, истакна Пендаровски.

Целта и желбата на  Македонија 2025-та е граѓаните до 2025-та да имаат стандард како оној во европските земји и да станеме членка на Унијата. Не смееме да бидеме бавни. Мора да побрзаме напред, порача извршниот директор Мојсовска.

Во наредните 5 години комплетно ќе се смени начинот не живот. Начинот на купување, образование, лекување. Мора да битеме подготвени за промени, порача Марсело Клаурењ, извршен дирекор на органзиацијата.

-Се ќе се промени. Начинот на кој купуваме, ќе се движиме со автономни автомобили, ќе се лекуваме со вешташка интелегенција, децата ќе добиват посебно образование. Светот се менува, неопходни се промени. Не смееме да дозволиме да бидеме бавни. Не е важно дали одиме лево или десно, напред или назад. Да побрзаме напред. порача претседателката на Македонија 2020-та.

Инаку Организацијата Македонија 2025-та  е формирана и водена од успешни исселеници, кои им помагаат на компаниите, претприемачите,  инвеститорите, студентите. Досега вложиле 3 милиони долари за да го реазлиараат тоа.