Ракомет
24. July 2017 - 19:08

Дибиров и Мораеш први ги поздравија навивачите на Вардар

Тимур Дибиров и Рожерио Мораеш беа првите ракометари на европскиот шампион Вардар кои ги поздравија навивачите пред почетокот на новата сезона. Тие беа дел од првиот отворени ден на РК Вардар што ќе трае во следните четири денови.
 
Вардар на сите свои навивачи ќе им овозможи во периодот од 24 до 28 јули да можат да се фотографираат со пехарот од Лигата на шампионите што го освоија во Келн на почетокот на јуни.
 
Поради големиот интерес да има фотографии со пехарот од Лигата на шампионите, клубот реши трофејот да биде изложен на главниот во салата на СЦ „Јане Сандански“.
 
Да се види и да се фотографира пехарот од Лигата на шампионите ќе биде возможно секој ден од 24 до 28 јули во периодот од 10 до 18 часот