Loading Video...
Фудбал
19. December 2019 - 16:03

Дибала и Роналдо за победа на Јуве на гости кај Сампдорија

Екипата на Јувентус славеше победа со 2-1 на гостувањето кај Сампдорија во воведниот натпревар од 17.коло Серија. 
 
Сите три гола беа постигнати во првиот дел. 
 
Дибала во 19-минута им донесе водство на гостите, а Капрари во 31-та го израмни резултатот. 
 
Победничкиот гол вреден три бода за Јувентус го постигна Кристијано Роналдо во 45-минута. 
 
Јувентус сега го презеде првото место на табелата од Интер кој има три бодови помалку, а кој утревечер во Милано ја пречекува составот Џенова на Горан Пандев