Џет-Сет
29. February 2016 - 9:39

Ди Каприо најдобар актер за 2016, „Под лупа“ доби Оскар за најдобар филм

Филмот „Под лупа“ (Spotlight), за разоткривање на педофилијата во рамки на Католичката црква, е најдобар филм според оценките на Американската филмска академија за 2016 година. 

Филмот ја понесе и наградата за најдобро оргинално сценарио, пренесува Танјуг. 

Леонардо Ди Каприо конечно го освои својот прв Оскар за улогата во филмот „Повратник“, момент кој беше проследен со громогласен аплауз. 

Режисерот на „Повратник“ Алехандро Гонзалес Ињариту ја доби наградата за најдобра режија. 

Глумицата Бри Ларсон која ја толкуваше Џој во филмот „Соба“ е најдобра глумица за 2016 година. 

Алисија Викандер е номинирана по првпат и освои Оскар за споредна улога во филмот „The Danish Girl“, а Марк Рајленс е награден за најдобра споредна машка улога во трилерот на Спилберг, „Мостот на шпиони“. 

Оскар за најдобро адаптирано сценарио освои филмот „Обложување на векот“, а добитниците и порачаа на публиката да не гласа за луѓето кои имаат пари, ако не сакаат парите да ја контролираат владата. 

Потпреседателот на САД, Џозеф Бајден се појави на сцената во Долби театарот и ја најави Лејди Гага која ја отпеа песната од филмот „Ловиште“. 

Песмата која ја отпеа Сем Смит за последниот филм за Бонд ја победи конкуренцијата во категоријата за најдобра песна, а славниот Енио Мориконе по шест номинации конечно освои Оскар за најдобра музика. 

Овогодинешното, 88-мо доделување на награди од Американската филмска академија е во знак на повикот на Холивуд на сметка на различностите бидејќи меѓу номинираните глумци не беше ниту еден Афроамериканец. 

- Еве ме на доделувањето на Оскари за белци, но да бираа водител мене не би ме избрале, се пошегува водителот на програмата Крис Рок на самиот почеток на церемонијата. 

- Сигурно се случувало во педесетите и шеесеттите години црнците да не бидат номинирани, но тогаш не се противеле, продолжи комичарот. 

„Побеснетиот Макс: Автопатот на бесoт“ (Mad Max: Fury Road) е најголемото изненадување на вечерта со освоени шест награди - најдоби костими, најдобра сценографија, најдобра маска, најдобра монтажа, најдобра монтажа на звукот и најдобар микс на звукот. 

Емануел Лубески ја освои својата трета награда за фотографија на Американската академија,

Филмот „Екс машина“ освои оскар за најдобри визуелни ефекти. 

Оскар за најдобар долгометражен анимиран филм доби „Во мојата глава“, а „Приказната за мечката“ е најдобар краткометражен анимиран филм. 

„Девојка на збор: цената на простувањето“ е најдобар краток документарен филм, „Ејми“ е најдобар документарен филм, „Пелтечење“ е избран за најдобар креткометражен филм, а Оскар отиде во рацете на Маџара Ласла Немеша за најдобар филм надвор од англиското говорно подрачје.