Дезинсекција на подрачјето на Општина Битола
ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола од денес до 18 јуни ќе ја реализира првата фаза од програмската дезинсекција со цел уништување на комарците на подрачјето на Општина Битола.
Запрашувањето ќе се врши во периодот од 19:00 до 02:00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на целото градско подрачје и периферијата на градот, предвидени со оперативниот план и програма усвоени од Општина Битола.
Од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола информираат дека од денес, паралелно ќе се врши и уништување на ларвните облици на комарците, кои според анализата на таа јавна здравствена установа се сконцентирани во застојни води, бари, мочурливи површини под вегетација, одводни канали во градското подрачје и периферијата на градот кои се мапирани на теренот како потенцијални места за развој на ларвените облици на комарците.
Третирањето ќе се изведува со високо селективен биолошки инсектицид наменет за уништување на ларвите на комарецот и затоа здруженијата на пчеларите имаат обврска превентивно да ги заштитат пчелните семејства во периодот додека се одвива акцијата нагласуваат од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола.
Ново на Сител
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти