Македонија
20. January 2016 - 16:31

Дежурните служби празничните дeнови ги поминале работно

Температурите под нулата го зголемија бројот на пациенти во скопските ноќни служби. Дваесетина граѓани со треска изминатите два дена побарале помош од дежурните лекари.

Причина за нивната состојба е подолг престој на отворено. Се жалеле и на главоболки и варирање на крвниот притисок. Истиот период, Итната медицинска помош интервенирала кај 10 мозочни удари што е значително зголемен број во споредба со минатиот период.

-Причина е промената на надворешниот воздушен притисок, односно, ладното време.  Има зголемен зброј на мозочни удари и пациентите се од сите возрасти. Овие ниски температури им прават најмногу проблеми на хронично болните и на ризичните групи, вели д-р Татјана Баевска Вучковиќ.

Дали растечениот нос и кашлицата се последица од ладното време и какви витамини да се пијат..Ова се најчестите прашање на Ало докторе, каде овој период исто така имаат зголемен број на јавувања. За да не дојде до премрзнување и влошување на здравствената состојба, лекарите со совет како против ниските температури.

-Да не се престојува многу надвор, отворените делови да бидат покриени, топли напитоци..ова посебно важи за мали деца, трудници и постари лица, вели д-р Баевска.

Граѓаните треба да ги почитуваат овие препораки бидејќи според најавите од УХМР ниски температури ќе има и во текот на наредните денови.  Лекарите апелираат посебна внимателност од утре кога учениците се враќаат во училишните клупи.