Македонија
9. April 2018 - 16:09

Дежурните на Токсикологија немале многу работа за велигденските празници

Граѓаните не претерале со јадењето јајца  и мрсна храна за Велигденнските празници. И оваа година на Токсикологија не е регистриран ниту еден случај со прејадување.

-Немаме пациенти со прејадување со храна. Имаме со вообичаена патологија за нашата Клиника со кашлица, вртоглавица, несвестица, почачен крвен притисок, покачен шеќер, изјави д-р Данил Петровски, спец. Интернист на Клиниката за токсикологија.

За продолжениот празничен викенд на Токсикологија биле примени само двајца граѓани кои претерале со алкохолот. Регистрирани се и 4 случаи на труења. Тројца, од кои двајца затвореници во Идризово испиле поголема количина лекови, а една жена сакала да си го одземе животот со пиење солна киселина.

-Викендот имаме едно алкохолно труење и предмалку донесоа уште еден пациент исто така со алкохолно труење, додаде д-р Петровски.

Бидејќи и денеска е празник и неработен ден, од токсикологија не ја исклучуваат можноста во вечерните часови помош да побараат и прејадени или препиени граѓани.

 

Новинар: Александар Динев