Девојки од Бугарија ограбуваат патници во автобусите на ЈСП
И ова лето џепџии од Бугарија крадат по автобуси во Скопје.
Полицијата фати две бугарки на возраст од 21 и 57 како од џеб на скопјанец му украле паричник со 5000 денари и лични документи.
Кражбата ја сториле возејќи се од една до друга постојка.
Бугарките се качиле на станицата кај Зелен пазар а со украдениот паричник се симнале на Рекорд. Двете жени ја искористиле гужвата на пладне и барале жртва меѓу патниците.
Едната се туркала во оштетениот за да му го одвлече вниманието а другата протнала рака и го извадила паричникот.
До сега полицијата има фатено многумина државјани на соседна Бугарија.
Џепните кражби во главниот град се неизбежни и претежно се од државјани на соседна Бугарија.
Крадците најчесто ловат по автобуси, постојки, трговски центри и пазари.
Инспекторите за кражби фатиле и скопјанец на возраст од 65 години како краде мобилен телефон од палто на автобуска станица спроти холидеј ин.
Старецот и е познат на полицијата по имотни деликти и до сега бил 8 пати пријавуван.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар