Живот
7. October 2015 - 18:00

Девојка се фрли од 16-ти кат, но преживеа благодарение на пожарникарите

Ментално болна девојка (28) денеска скокнала од 16.ти спрат од зграда во Бангкок, а нејзиниот живот го спасиле пожарникарите кои навремено ја дочекале со воздушен душек.
 
Неименуваната девојка седела нма прозорецот два часа пред да скокне. За среќа поминала само со полесни повреди.
 
Мајката на девојката изјавила дека откако ќерката се вратила дома од пазар ја нападнала, говорејќи дека таа не е нејзината мајка, па поради тоа таа морал да побегне од станот.