Живот
25. November 2015 - 13:33

Девојка преку Фејсбук го бара таткото на своето дете - „Кажете му дека му родив ќерка!“

На Фејсбук страницата за размена на информации и дружење  "Spotted Sarajevo" осамна шокантен статус.
 
Всушност, една девојка преку оваа страница го бара момчето со кого таа тврди дека останала бремена и родила вонбрачно дете.
 
- „Јас само сакам да го поздравам Кемал Х. и да му кажам дека не е фер што се крие од мене и што ги променил броевите. Сакам да му кажам дека му родив ќерка и дека не жалам поради тоа, а тоа што тој вели дека било само летна шема, тоа не е во ред“, напишала девојката во својот статус.
 
Таа вели дека го запознала Кемал на езерото Борац, додека биле како извидници.
 
- „Би сакала ова да го објавите анонимно. Ви благодарам!“
 
 Статусот на оваа девојка предизвика многубројни коментари на оваа страница.