Македонија
2. March 2018 - 17:14

Девојка на 25 годишна возраст од Македонија исчезна во САД

25 годишната Адеа Шабани  исчезнала пред една недела во Лос Анџелес.  Студентката по актерство, со потекло од Македонија,  ја оставила вратата отклучена, како да очекувала да се врати.  Последен пат е видена во близина на своето живеалиште.

Шабани  пред две години во Лос Анџелес дошла од Македонија. Учела глума во академијата на стела адлер. Откако не се појавила на предавањата, тоа ги алармирало нејзините пријатели.

Мајката на изчезната  Адеа  веднаш од  Македонија пристигнала во Ло Анџелес и најмила детектив за да ја пронајде нејзината керка.

Полицијата на Лос Анџелес интензивно трага по девојката. На полицскиот иунстаграм и твитер е објавен потерница, во која  исчезнатата скопјанка се опшиоува како белкиња со руса коса и сини очи. Висока  165 сантиметри  и тешка шеесетина килограми.