Живот
21. March 2019 - 20:40

Девојка (21) возела во спротивен правец на автопат во Охајо и усмрти тричлено семејство: Додека ја спасуваа, од нејзината уста течело пиво

Аби Мајклс (21) уби тричлено семејство на автопат во Охајо каде возела во спротивен правец.

На самото место настрадале Тими Томпсон (51), ќерката Теса Томпсон (10), додека мајката Карен (50) починала во болница.

Како што се наведува, Аби по полукружното свртување преминала преку површината која ги раздвојува спротивните ленти на автопатот и продолжила да вози во погрешна насока.

По десетина секунди, на нејзината „киа“ налетало возилото на семејството Томпсон.

porodica Tompson

Кога болничарите стигнале на местото на несреќата, затекнале ужасна глетка. Обидувајќи се да ја оживеат Аби, виделе дека од нејзината уста тече пиво така што нема дилема дека возела под дејствот на алкохол.

Се претпоставува дека се враќала од прослава на денот Свети Патрик, а во торбата и е пронајдена чаша со лого на една марка виски.

Сега ќе се соочи со обвинение за тројно убиство.

„Сосема сум сигурен дека нема преживеани, ова е страшно“, рече човекот кој повика Итна помош и полиција.

Поради тешката несреќа, патот бил затворен 4 часа.