Свет
2. March 2018 - 8:23

Девојче загина при самоубиствен напад во Кабул

Девојче загина, а шест лица се повредени утрово при моќна експлозија во главниот град на Авганистан, Кабул.

Полицискиот командир Бисмала Табан изјави дека причина за експлозијата е самоубиствен напад.

Експлозијата се случи во источниот дел на Кабул во близина на возило, кое им припаѓало на странски работници, соопшти портпаролот на Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се случил во близина на реонот на градот каде што се наоѓаат странски амбасади и претставништва на меѓународни организации.

Засега никој не презеде одговорност за нападот, кој се случува само два дена откако авганистанскиот претседател Ашраф Гани предложи мировни преговори со талибанците.