Свет
15. February 2019 - 14:21

Девојче се враќаше од училиште, по што ја нападнаа и претепаа: Сите стоеја на страна и гледаа...

Уште една снимка на детско насилство ја згрози Велика Британија. 11-годишно девојче е претепано додека се враќаше од училиште, додека другите деца стоеја на страна, гледаа и снимаа со своите телефони.

11-годишната Деми Мартин, ученичка во 7-мо одделение во Академијата Хејвуд била нападната откако од училиште, се враќала дома. За британските медиуми Деми изјави дека не го познавала девојчето кое што се појавило и веднаш ја нападнало.

„Не знаев што ме снајде кога почна да ме удира. Не знам ниту која е таа, само се појави тука. Кога ќе се разбудам, срцето ми чука и се плашам да излезам со другарките. Се плашам да се вратам на училиште. Ова целосно ме уништи“, раскажува Деми.

Како што пренесуваат британските медиуми, нејзините соученици и децата од нејзиното училиште сега ја исмевале и ѝ праќале пораки дека го заслужила тоа.

Од локалната полиција соопштија дека е отворена истрага и ги повикаа сите очевидци да се јават.

https://