Живот
11. July 2018 - 12:24

Девојче се бањало во базен, а потоа нешто ја повлекло на дното: Родителите веднаш реагирале, но траумата ќе и остане цел живот

Девојче (7) за малку ќе се удавеше во базен кога филтерот за прочистување на водата и ја повлекол косата.

Дарси Морган со семејството била на летување на Канарските острови и еден ден одлучиле да се избањаат во хотелскиот базен. Одморот и уживањето со семејството, се претвори во ноќна мора.

Имено, филтерот од базенот седумгодишното девојче го повлекол во длабочината и „ја држел неколку минути“. Кога родителите го здогледале детето како се дави, брзо го спасиле и го однеле во блиската болница, во која е констатирано дека доживело вистинска траума.

„Не постоеше објаснување дека хотелскиот базен е затворен за бањање и дека во тек е чистење“, рече мајката на девојчето Алекс Морган.

Таа додаде дека била шокирана од изјавите на челникот на хотелот и водичот.

Лицата од хотелот каде се случил страотниот настан рекле дека веднаш го решиле проблемот.