Живот
28. February 2018 - 14:46

Девојче добило мече од својот татко војник, а кога го прегрнала, следело вистинско изненадување

Пиа е вистинска татина миленичка. Бидејќи требало да бидат разделени речиси 8 месеци, тој одлучил да ја изненади со нешто посебно.

Пред да замине, и подарил плишано мече во кое го снимил својот глас. Нејзината мајка ветила дека подарокот ќе го чува додека не дојде вистинскиот момент за да и го даде.

По месец дена, мајката ја изненадила Пиа со нејзиното мече.

Откако девојчето го притиснало копчето, се слушнал гласот на нејзиниот татко: „Задраво П. Те сакам. Се гледаме наскоро,“ а таа вреснала. Нејзината реакција ќе ви го растопи срцето.

Погледнете го видеото: