Девојче (5) чекало во судница да ја посвојат: Се шокирало кога видело кој влегол низ вратата
Од кога била бебе Даниел, била згрижена во дом семејство. Во својата 5. година, го дочекала моментот на посвојување, кога добила ново, постојано семејство. Овој ден за девојчето бил посебен, како и за нејзиното семејство кое се обиде да и го направи волшебен, благодарение на социјалниот работник кој ја познавал Даниел. На новото семејство тој им рекол дека девојчето обожава принцези.
Во моментот кога новото семејство седна со Даниел во судницата каде требало законски да го официјализираат чинот на посвојување, некој влегол од вратата. Тоа била Снежана, од анимираниот филм на Дизни. Девојчето останало без текст.
Судијата рекла дека „ова не е обично посвојување, туку прием на принцеза во семејството“.
По Снежана влегоа и многу други принцези како и принц. Судницата беше шарена и преполна со забавните ликови од бајките на Дизни. Даниел блескаше од радост. Дури и судијата и дозволи сама да го заклучи случајот со удар на чеканот. Својот прв ден од новиот живот, во ново семејство, оваа кукличка никогаш нема да го заборави.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата