Живот
23. јуни 2016 - 14:54

Девојче (3) се качило на WC шолјата, а причината за тоа го „скрши“ срце на нејзината мајка

Една мајка од Мичиген објави слика од својата тригодишна ќерка како стои на WC шолјата во тоалетот. И додека на прв поглед изгледа дека девојчето игра некоја игра која само тоа ја знае, вистинската причина за стоењето допре илјадници корицници на социјалните мрежи.
 
Имено, како што објасни мајката по објавувањето, таа ја сликала ќерката во необична поза со цел да му ја прати на сопругот. Но, кога ја прашала зошто го прави тоа, и се сркшило срцето.
 
- Мојата ќерка не се играше, таа вежбаше што треба да направи доколку е во тоалет за време на напад. Во тој момент, сета невиност која мислев дека ја поседува мојта тригодишна ќерка исчезна - напиша меѓу другото, мајката на девојчето.
 
Фотографијата набрзо стана вирусна, така да ја виделе и споделиле речиси 20.000 луѓе.