Македонија
14. October 2017 - 11:27

Деветта изложба на дела од млади уметници од Кавадарци и нивни гости

Деветтата изложба на дела од млади уметници од Кавадарци и нивни гости, беше отворена синоќа во кавадаречкиот музеј. Изложени се дела на 24 автори. Меѓу нив и Игор Јосифов, Горан Боев, Ива Јосифова и други.

- Радува фактот што од година во година се зголемува бројот на учесниците. Тоа значи дека и во иднина во оваа галерија ќе се претставуваат познати и признати уметници, но и нови имиња, бидејќи Кавадарци е расадник на таленти, рече меѓу другото Петре Камчевски, директор на музејот.

Тој најави дека во иднина се очекува манифестацијата да добие и меѓународен карактер.