Деветмина затвореници загинаа во бунт во затвор во Еквадор
Деветмина затвореници загинаа, а 20 се повредени во бунт во затвор во крајбрежниот град Гвајакил во Еквадор, што се случи ноќеска, соопшти затворската управа.
Генералниот командант на полицијата, Патрисио Кариљо на Твитер напиша дека „неколку полицајци се во критична состојба“.
Во соопштението на затворската управа се наведува дека тие мора да го преиспитаат управувањето со таа институција поради конфликтите меѓу бандите.
Управата посочува дека избувнувањето на немирите на групите демонстранти внатре и надвор од затворот е со цел „да ја дестабилизираат“ нивната работа.
Во затворите во Еквадор има околу 38.000 затвореници, што е за 30 проценти повеќе од капацитетот.
Поради пандемијата на коронавирус, Еквадор одлучи да ги преиначи казните за помали прекршоци, со што е намалена пренатрупаноста, која беше 42 проценти пред здравствената криза.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка