Свет
17. May 2017 - 9:42

Деветмина повредени во судири пред Амбасадата на Турција во САД

Најмалку девет лица се повредени, од кои две потешко, во судири меѓу приврзаници и противници на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган пред турската Амбасада во Вашингтон.

Две лица се уапсени, од кои едно е обвинето за напад врз полицаец. 

Судирите избија синоќа само неколку часа по состанкот на Ердоган со американскиот претседател Доналд Трамп.

Засега не е познато која група го почнала судирот. По инцидентот реагирала полицијата, која го затворила сообраќајот, а потоа пристигнале и пожарникари и амбулантни возила.