Живот
11. November 2015 - 10:17

Деветгодишно девојче се повика на „женски кодекс“

Не е важно ако се добие и пониска оценка, важни се женските принципи - покажа деветгодишно девојче кое одби да одговори на поставено прашање во тестот по математика, затоа што таа е против женскиот кодекс.

Меди Даглас наиде на проблем во својот испитен тест откако наиде на наизглед едноставно прашање, текстуална задача каде четири девојчиња и четири момчиња кои одат во средно училиште излегуваат на состаноци  во различни комбинации.

Меди под задачата имаше допишано: Не можам да ја решам оваа задача, затоа што мојата мајка рече дека според женскиот кодекс девојка не смее да излегува на состанок со Џ, кое е момче на нејзината пријателка.

Нејзината мајка била изненадена од тоа, а рече дека на ќерка и „не и го полни мозокот со глупости, туку отворено разговараат“.

Фотографијата ја сподели на Фејсбук страницата на Хафингтон Пост, а таа набрзо стана вирален хит.