Деветгодишно детенце остана без рака по автобуската несреќа во Велес - почина жена
Жена почина, детенце остана без рака, многумина се повредени и пренесени во болница. Ова е епилогот од сообраќајната несреќа која вчера попладне се случи кај Велес, кога автобус со скопска регистрација се враќал од Грција.
Како што информира Д-р Илир Хасани, управител на Ургентниот центар на скопските клиники за Сакамдакажам, донесени биле 14 пациенти, меѓу кои и дете на возраст од девет години, кое за жал ја загубило раката.
- “Детето е препратено на Клиниката за детска хирургија. Двајца пациенти беа примени на одделот за Интензивна нега, за жал еден од нив подлегна на повредите. Тоа е жената која прва беше донесена, со повреди на натколеница, потколеница и подлактица и со повреди на белиоте дробови. Вториот пациент исто така е во критична состојба, со сериозни повреди на градниот кош, нагмечување на ребрата, клучна коска, и крварење во белите дробови“, вели д-р Хасани.
Инаку, на деветгодишното детенце за жал му е ампутирана раката. Двајца пациенти се на неврохирургија.
За потсетување, автобусот излета околу 19 часот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација