Живот
16. May 2017 - 8:57

Деветгодишно дете постави нов рекорд во лимбо ролање

Мајсторот на лимбо ролање има само девет години и веќе вторпат поставува светски рекорд за Гинисовата книга.

Овој рекордер со ролерки на нозете помина под 146 пречки за помалку од една минута. 

Пред две години тој постави светски рекорд за најдолг минат пат.

Неговите родители се многу горди, а таткото потенцира дека не ни сонувал дека неговиот син еден ден ќе стане велемајстор во лимбо ролање.

Овој вид атракција има се повеќе љубители, а целта на натпреварувањата е да се возат на ролерки и да се минува под повеќе пречки на мала висина.