Свет
20. March 2016 - 8:25

Деветанесет египетски верници загинаа во Саудиска Арабија

Деветнаесет верници од Египет, кои патувале со автобус за Мека, загинаа во сообраќајна несреќа во Саудиска Арабија.

Во автобусот имало 44 египетски патници, сите мажи.

Несреќата со верниците од Египет доаѓа само неколку денови по еден иста таква сообраќајка со група Палестинци од Западниот Брег.

Тие тргнале на долгиот пат кон муслиманското светилиште во Мека, но нивниот автобус имал несреќа во Јордан, во која загинале 16 палестински верници.

Агенцијата не наведува детали за тоа како дошло до несреќата со египетските верници, но досегашното искуство укажува дека најчеста причина за тоа е премореноста на возачите на автобусите  од долгото возење.