Loading Video...
Кошарка
9. March 2019 - 11:23

Девет тројки на Томсон во победата на Голден Стејт над Денвер

Со девет тројки од 11 обиди и вкупно 39 постигнати поени Клеј Томпсон го предводеше шампионот Голден Стејт до победа над Денвер со 122:105, во дербито на вечерта во НБА лигата. 

Во вториот дуел кој ја одбележа вечерта, Хјустон убедливо ја победи Филаделфија со 107:91. 

Џејмс Харден со 31 поен и 10 скокови ги предводеше „ракетите“ со седмата победа во низа.

Иако Далас ја продолжи серија на порази откако на гостувањето кај Орландо загуби со 111:106, сепак легенфдарниот Дирк Новицки имаше причина за славеше.

Германецот го одигра својот 1.504-ти натпревар со што се израмни со Џон Стоктон на третото место на играчи со најмногу одиграни средби во најсилната кошаркарска лига во светот. Со постигнатите 15 поени, сега Новицки е на 40 помалку од Вилт Чембрлен кој е на на петтото место на листата најдобри стрелци во историјата на НБА. 

Резултати од останатите синоќешни натпревар:

Шарлот – Вашингтон 112: 111

Мајами – Кливленд 126: 110

Чикаго – Детроит 104: 112

Мемфис – Јута 114: 104

Њу Орлеанс – Торонто 104: 127

Лос Анџелес Клиперс – Оклахома Сити 118: 110