Девет сообраќајки во Скопје, потешко повредени две лица
Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје се случиле девет сообраќајни незгоди, од кои во три е причинета материјална штета, а во четири се поовредени четири лица. Со полесна повредена есна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, еден патник во автобус и еден мотоциклист.
Во две од несреќите две лица се здобиле со потешки повреди. Првата се случила на улицата „Бранислав Нушиќ“ во која учествувале патничко моторно возило со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак, граѓанин на Скопје. Како последица на незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди.
Втората се случила на крстосницата од улиците „Иван Хаџи Николов“ и „Јанко Мишиќ“ помеѓу патничко моторно возило „југо“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и возач на мотоцикл, управуван од граѓанин на Скопје. Во незгодата возачот на мотоцикл се здобил со тешки телесни повреди.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација