Девет сообраќајки во Скопје изминатите 24 часа, пешак тешко повреден
Еден пешак се здобил со тешки телесни повреди, седум лица се здобиле со лесни телесни повреди во шест од девет сообраќајни незгоди на подрачјето на СВР Скопје.
Сообраќајната полиција во изминатото деноноќие санкционирала 27 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај биле исклучени 16 возачи.
Според полицискиот извештај, еден возач управувал под дејство на алкохол, 14 управувале возило пред да се стекнат со право на возачка дозвола, еден бил почетник, девет нерегистрирани и еден поради претовар.
Непрописно биле паркирани 64 возила, а пајакот службата подигнала 69 моторни возила
Санкционирани биле и 16 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, двајца пешаци поминале на црвено светло, шест возачи поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците, еден кој неправилно се престроил, еден неправилно пристигнувал и 24 возачи за не користење заштитен шлем.
Одделението за превенција во рамки на сообраќајно воспитната проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи” денеска ќе реализира едукативни работилници во детска градинка „Весели Цветови“ објект „Перуника“ во општина Кисела Вода.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари