Девет сообраќајки вчера во Скопје, тешко повреден патник во автобус
Патник во автобус е тешко повреден, а уште шест лица се здобиле со полесни повреди во шест од вкупно девет евидентирани сообраќајни несреќи во изминатото деноноќие во Скопје. Три од сообраќајките се со материјална штета.
Како што информираа за МИА од СВР - Скопје сообраќајната полиција санкционирала шест возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци, 23 без возачка дозвола, односно со нерегистрирано возило, како и 13 возачи за користење мобилен телефон.
Затекнати се и 54 непрописно паркирани возила и 29 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор.
Со помош на специјалното возило „Пајак“, во текот вчерашниот ден отстранети се 78 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.
Во рамки на квалификациите за Европското првенство во ракомет во СЦ „Борис Трајковски“ вечер во 18:30 часот ќе се одигра меѓународен натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Украина. За непречено и безбедно одвивање на натпреварот сообраќајната полиција најавува соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар