Девет сообраќајки вчера во Скопје, „пајакот“ кренал 52 возила
Патник во автобус и возач на мопед се тешко повредени, а уште две лица се здобиле со полесни повреди во четири од девет регистрирани сообраќајки во Скопје во изминатото деноноќие. Пет сообраќајни несреќи се со последица материјална штета.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека сообраќајната полиција санкционирала 40 возачи за пречекорување на брзина, тројца поминале на црвено светло на семафорите,10 возеле без дозвола односно нерегистрирани, а 24 за непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден отстранети се 52 возила.
Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во градинка „Буба Мара“, објект „Пчелка 1 “, во општина Аеродром.
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во сообраќајката на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк