Девет сообраќајки вчера во Скопје, 120 непрописно паркирани возила
Пешак се здобил со тешки телесни повреди, а едно лице е полесно повредено во две од вкупно девет сообраќајки во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во седум сообраќајки била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала 32 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, 12 пред да се стекна т со право на управување на моторно возило, и двајца почетници, како и две технички неисправни и 16 нерегистрирани возила.
Санкционирани биле и двајва возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, еден возач за неправилно престројување, двајца возачи за неправилно престигнување, еден возач за не користење заштитен шлем, тројца возачи за не носење сигурносен појас и 20 возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.
Затекнати биле 120 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 97 возила.
Во текот на денот Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукатини работилници во ООУ „Гоце Делчев“ на подрачјето на општина Аеродром, со ученици од второ и четврто одделение, во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.
Одделението за превенција денеска ќе реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас).
Ново на Сител
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти