Македонија
10. January 2017 - 9:30

Девет сообраќајки изминатите 24 часа во Скопје

Девет сообраќајни несреќи се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје. Според евиденцијата на СВР Скопје, во две со полесни телесни повреди се здобиле четири лица, а во пет е причинета материјална штета.

Вчера од страна на сообраќајната полиција, санкционирани се двајца возачи кои поминале на црвено светло на семафор, пет возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано, како и пет возачи кои не се придржувале према ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци. Затекнати се и 36 непрописно паркирани возила, а санкционирани се шест пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 49 возила.