Девет сообраќајки, издадени 131 казна вчера во Скопје
Во текот на изминатиот ден (15.08.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 56 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Од сообраќај се исклучени 22 возачи од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол и 21 возач затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило.
Исто така, исклучени од сообраќај се и 17 возила бидејќи биле нерегистрирани.
Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање на првенство на минување на пешаци, двајца возачи поради неправилно престројување, еден возач поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и осум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издаден е 131 мандатен платен налог.
Изминатиот ден се случиле девет сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а четири лица поминале со телесни повреди.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители