Девет милиони смртни случаи во 2019 година поради загадување
Девет милиони луѓе во светот починале предвреме во 2019 година поради загадувањето, се наведува во студијата објавена денеска во списанието „Лансет“.
Еден од шест предвремени смртни случаи е поврзан со загадувањето, главно со лошиот квалитет на воздухот.
Загадувањето и отпадот во воздухот, водата и почвата ретко убиваат директно, но се во основата на тешки срцеви заболувања, тумори, респираторни проблеми и акутни стомачни тегоби.
– Ефектите на загадувањето врз здравјето остануваат значително поголеми од оние на војната, тероризмот, маларијата, ХИВ, туберкулозата, дрогата и алкохолот. Смртните случаи како последица на загадувањето се приближно исти како оние предизвикани од пушењето, изјави Ричард Фулер, главниот координатор на оддел на „Лансет“ што се занимава со влијанието на загадувњето врз здравјето.
Во 2019 година, 6,7 милиони смртни случаи се должат на загадениот воздух, 1,4 милиони поради загадувањето на водата и 900.000 поради труење со олово.
Во 2000 година, индустриското загадување на воздухот е причина за смртта на околу 2,9 милиони луѓе, додека во 2019 година тој број изнесува 4,5 милиони, покажува истражувањето.
Ново на Сител
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња