Loading Video...
Свет
19. January 2019 - 18:42

Девет лица починаа од грип во Хрвaтска

Девет лица починале од грип во Хрватска во последните 2 недели. Хрватското министерство за здравство соопшти дека 8500 лица се заразени од кои повеќето се деца. Хрватска по епидемијата на грип е трета во Европа. Граѓаните се советуваат што помалку да излегуваат од дома  и да внесуваат повеќе витами и течнсоти. Властите велат дека ситуацијата е загрижувачка, но дека е под контрола и дека нема причина за паника.